Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој допатува во посета на Израел, изјави денеска дека сега е „одлучувачки момент“ во преговорите за прекин на огнот во Газа и дека најновиот дипломатски притисок на Вашингтон за постигнување договор меѓу Израел и Хамас е веројатно најдобриот, можеби последна шанса заложниците да се вратат дома.
Блинкен рече во Тел Авив, пред состанокот со израелскиот претседател Исак Херцог, дека Вашингтон исто така работи на тоа да нема регионална ескалација поради загриженоста за можен ирански напад врз Израел по убиството на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије во Техеран во јули. пренесува Ројтерс.
Ова е десетта посета на Блинкен на регионот на Блискиот Исток од почетокот на војната во Појасот Газа, а ќе ги посети и Египет и Катар, соопшти Стејт департментот.