„Киев пост“ наведува дека украинските воздухопловни сили објавиле видео од нападот на третиот мост во руската област Курск.
Според руските воени блогери и украинските медиуми, силите на Киев го граделе последниот мост на реката Сејм во руската област Курск. Како што објави на Х Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи, оваа информација ја објавија руски воени блогери, а потоа и „Киев пост“.
„Киев пост“ наведува дека украинските воздухопловни сили објавиле видео од нападот на третиот мост во руската област Курск.
-Уште еден мост станува прашина – наводно изјавил генерал-полковник Микола Олешук, командант на воздухопловните сили на Украина.
Според Ал Џезира, Русија потврдила дека Украина нападнала и трет мост во областа Курск.
Според руските истражители, Украина синоќа го нападнала и оштетила мостот на реката Сејм. Изјавата на претставникот на Рускиот истражен комитет е објавена на каналот Телеграма на Путиновиот пропагандист Владимир Соловиев.
Најголемиот мост на реката Сејм се наоѓа во селото Глушково, а украинските сили го уништија пред три дена, користејќи американски ХИМАРС. Ден подоцна беше погоден уште еден мост, кој се наоѓа посеверно, во селото Званоје.
⚡️Russian “war correspondents” are claiming the destruction of the third and last bridge over the Seym river in the Korenevsky district of Russia’s Kursk region.
The largest bridge on this part of the front – in the village of Glushkovo – was destroyed by the Ukrainian Armed… https://t.co/arnVmy4bN4
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 19, 2024
– Доколку се потврди уништувањето на третиот мост, руската војска на југот на Курск ќе биде опколена. Приближната површина на опкружената област ќе биде речиси 700 квадратни километри – објави Герашченко на X, порано Твитер.
Неколку украински воени блогери на X ја објавија истата информација, наведувајќи дека руските сили јужно од Курск сега ќе мора да се снабдуваат преку понтонски мостови.