Деловниот партнер на британскиот технолошки тајкун Мајк Линч, кој исчезна во потонувањето на луксузна јахта во близина на брегот на Сицилија, загина за време на викендот, пишува германската новинска агенција ДПА.
Во јуни двајцата беа ослободени од обвиненијата за измама поврзана со продажбата на компанијата на Линч Autonomy на американската компанија Hewlett Packard за 11 милијарди долари, пренесува Индекс.
Кообвинетиот на Линч во тоа судење, Стивен Чембрлен, почина откако беше удрен од автомобил во Стретам, Кембриџшир, додека џогирал викендот.
Линч исчезна со уште пет лица откако 56-метарскиот едриличар потона во понеделникот вечерта по невремето.