31
Тројца аматерски астрономи со помош на телескоп на НАСА открија необично небесно тело кое брзо се движи низ вселената со таква брзина што наскоро ќе го напушти Млечниот Пат.
Ова космичко чудо се движи со брзина од 1,6 милиони километри на час, што го прави единствено во нашата галаксија.
„Не можам да го опишам нивото на возбуда. Кога првпат видов колку брзо се движи, бев сигурен дека веќе имаше извештаи за тоа“, рекол Мартин Кабатник, кој прв го забележал необичниот објект.