Дејвид Дејнтри (53) синоќа бил пронајден мртов во својот дом во Акрингтон. Според медиумите, тој бил удавен од сопственото куче од расата американски Були.
Дејнтри беше пронајден вчера, нешто пред 21 часот и 30 минути.
Полицијата соопшти дека морале да го убијат кучето за да спречат напади врз други луѓе.
-Станува збор за трагичен инцидент, кој, за жал, резултираше со загуба на еден човек. Моите мисли се со неговите најблиски – изјави Мари Џексон.
Таа рече дека полицијата ќе го засили надзорот во областа и апелираше сите да се обратат до нив доколку имаат некаква информација.