Врховниот суд на Венецуела ги поддржа тврдењата на претседателот Николас Мадуро дека победил на минатомесечните претседателски избори и рече дека резултатите од гласањето објавени на интернет покажуваат дека загубата на Мадуро била лажирана.
Пресудата е последниот обид на Мадуро да ги задуши протестите и меѓународните критики кои избија по спорното гласање на 28 јули, во кое самопрогласениот социјалистички лидер побара трет, шестгодишен мандат.
Врховниот суд е преполн со поддржувачи на Мадуро и речиси никогаш не пресудил против владата.
Одлуката беше објавена денеска на настан на кој присуствуваа високи функционери и странски дипломати, а дојде како одговор на барањето на Мадуро да се разгледаат вкупните гласови, за кои тој без докази тврдеше дека биле манипулирани од странски сајбер напад организиран од хакери од Македонија.
Главната опозициска коалиција го обвини Мадуро дека се обидел да украде гласови.