Авион се урна во паркот пред основно училиште на западот на Сиднеј, Австралија а двајцата пилоти се здобиле со полесни повреди, објави денес австралискиот „Nine News“ (9 Вести).
Авионот полетал од аеродромот Бенкстаун во 14:15 часот по локално време, но по 15 минути му се расипал моторот, потврдија од противпожарната и спасувачката служба.
На местото на несреќата пристигнала итна помош и проценила дека на повредените не им е потребна болничка помош, изјави командантот на противпожарната и спасувачка служба Крис Ендрјус.
„Пилотите беа многу потресени, но добро е што се здобија само со полесни повреди по падот на авионот“, рече тој.
Откако авионот се урна во близина на училиштето, родителите беа повикани да дојдат да ги земат своите деца. Ниту едно од децата не било во близина на местото каде што се урнал авионот.