Шест лица загинаа, а 11 се повредени во пожар во хотел во јужнокорејскиот град Бучеон, соопшти локалната противпожарна служба.
Пожарот избувнал на осмиот кат од деветкатниот хотел во Бучеон, јужно од главниот град Сеул, пренесува Јонхап.
На терен се 150 припадници на противпожарната единица со 46 противпожарни возила.
Официјални лица наведуваат дека е можно да има повеќе жртви, бидејќи пожарот се уште не е изгаснат, пишува јужнокорејската агенција.