Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека операцијата во руската област Курск е апсолутно фер и дека Украина ја враќа војната „таму од каде што дојде“.
„Само што се вратив од нашиот регион Суми, од границата, од оние региони кои се граничат со непријателот и каде што нашите единици се исклучително ефикасни во одговорот на инвазијата на Русија. Со испраќање на војната таму каде што Русија ја донесе во нашата земја, тоа е апсолутно фер, и многу ефикасно“, рече Зеленски на 7-миот годишен форум „Ветерани“.
Тој нагласи дека за да се стави крај на војната, неопходно е да и се создадат што повеќе проблеми на руската држава на нејзина територија.