Авион на „Визер“ кој летал на релација Крајова – Лондон, утрово итно се приземјил во Будимпешта, откако чад навлегол во кабинската просторија, а членови на екипажот се пожалиле на гадење.
Авионот утрово полетал од романскиот град, и бил во унгарскиот воздушен простор кога пилотот решил итно да слета во Будимпешта поради густ чад во кабината, преку системот за климатизација.
Авионот утрово околу 06 часот безбедно слета на пистата на меѓународниот аеродром „Ференц Лист“ во Будимпешта, а околу 10 часот го продолжи летот за Лондон откако ги смени авионот и екипажот.
Во авионот имало 180 патници и шест членови на екипажот.