Бритиш ервејс денеска соопшти дека ги откажа сите летови меѓу Лондон и Тел Авив до среда, поради влошување на тензиите на Блискиот Исток.
„Донесовме оперативна одлука да ги прекинеме нашите летови до и од Тел Авив до среда, вклучително и 28 август“, рече портпаролот на компанијата.
Тој додаде дека „безбедноста е секогаш врвен приоритет“ на компанијата.