Израелската војска во неделата објави дека започнала превентивни напади врз цели во Либан, откако откри дека Хезболах подготвува да изврши „напад од големи размери“ против Израел.
„Ги набљудувавме подготовките на Хезболах за големи напади на израелска територија“, се вели во пораката на израелската војска на арапски до жителите на јужен Либан.
„Секој кој е во близина на област каде што дејствува Хезболах треба веднаш да ја напушти областа за да се заштитат себеси и своите семејства“, стои во соопштението.
Армијата потврди дека „ги набљудувала подготовките за истрелување гранати и проектили“ против Израел.
Армијата „ќе направи се што е потребно за да ги заштити граѓаните на Израел“, додаде израелската армија во видео порака на социјалната мрежа.
Preemptive strikes in Lebanon
-Amir Tsarfati pic.twitter.com/YPwlxhJXKK
— CJC (@cj_chep) August 25, 2024