Двајца новинари се повредени, а еден се води како исчезнат по синоќешното руско гранатирање на Краматорск, кога беше погоден хотелот во кој тие престојуваа, соопштија од регионалното обвинителство на областа Доњецк во Украина.
Во исто време, агенцијата Ројтерс објави дека исчезнал член на нивниот тим кој известувал за војната во Украина, а двајца новинари од тимот се хоспитализирани по ракетниот напад на хотел во Краматорск.
Во соопштението на новинската агенција се наведува дека хотелот „Сафир“ во кој престојувал шестчлениот тим на Ројтерс бил погоден со ракетен напад во саботата.
Како што јави Укринформ, повредените во Краматорск се новинари – државјани на Украина, САД и Велика Британија, а под урнатините се уште се трага по еден од новинарите на странските медиуми.
На каналот Телеграм прес-службата на регионалното обвинителство во Доњецк соопшти дека на новинарите им биле констатирани повеќе повреди – контузија на мозокот, скршеница на нога, контузија и исеченици по телото и дека им била укажана итна медицинска помош.
„Истрагата утврди дека руските војници го погодиле градот Краматорск, најверојатно со ракета Искандер-М. Мета на окупаторите биле станбена зона каде двајца новинари на странски медиум на возраст од 38 и 40 години биле повредени во локален хотел… Уште еден нивен колега најверојатно е под урнатините“, се вели во соопштението.