Најмалку 20 луѓе загинаа, а повеќе од 5,2 милиони се погодени во Бангладеш во поплавите предизвикани од монсунските дождови и излевањето на реките, соопштија властите.
Поплавите оставија многу луѓе изолирани и имаат итна потреба од храна, чиста вода, лекови и сува облека, особено во оддалечените области каде што патиштата се блокирани, а процесот на спасување и помош е отежнат.
Главниот владин советник Мохамад Јунус во телевизиско обраќање рече дека администрацијата ги усвоила сите неопходни мерки за да обезбеди брзо враќање во нормала за жртвите од поплавите.
Метеоролошката служба на Бангладеш предупреди дека поплавите би можеле да продолжат доколку продолжат монсунските дождови, бидејќи нивото на водата многу бавно се намалува.
Повеќе од 400.000 луѓе се засолниле во околу 3.500 засолништа во 11 области погодени од поплавите, каде што речиси 750 медицински тимови се на терен за да пружат помош, а армијата, вооружените сили, морнарицата и граничната полиција на Бангладеш помагаат во спасувачките операции, соопштија властите.