Патниците и пилотите на летот на Квантас од Рим летале повеќе од 16 часа и слетале без да сфатат дека дел од гумата на нивниот авион се откачил и го дупнал крилото, пренесе АФП.
Австралиската авиокомпанија соопшти дека инцидентот се случил на 24 август на лет од аеродромот Леонардо да Винчи во Рим на пат кон западниот брег на Австралија.
За време на полетувањето во Рим, шарата се одвои од гумата и го оштети долниот дел од десното крило на Боинг 787 Дримлидер.
Екипажот го забележал оштетувањето на гумата и на крилото дури откако авионот слетал во Перт речиси 16 часа подоцна.
„Им се извинуваме на патниците за непријатностите и им благодариме за разбирањето“, изјави портпаролот на Qantas.