38
Компанијата за чевли на Сара Џесика Паркер згаснува. Паркер ќе го затвори својот бизнис оваа есен.
„После 10 шарени години, SJP Sarah Jessica Parker донесе тешка одлука да ги затвори вратите на својата продавница оваа есен. Тимот на SJP е исклучително благодарен на сите свои лојални клиенти и поддржувачи, како и на сите со кои работеше“, се вели во соопштението.
Поточно, компанијата за чевли на познатата актерка завршува со работа есенва. Всушност, бутикот лоциран во Њујорк ќе биде затворен денеска, но судбината на малопродажните продавници SJP во Дубаи се уште не е објавена.
Клиентите ќе можат да купуваат онлајн до понатамошно известување. На сајтот цените на чевлите паднаа под 450 долари, а Сара Џесика Паркер до сега не го коментираше затворањето на својата компанија.
Забележано е дека актерката го избрала Џорџ Малкемус за свој партнер кога нејзината компанија за чевли била основана во 2014 година, каде тој тогаш бил шеф на Manolo Blahnik во САД. За жал, Малкемус почина од рак во 2021 година.
Се уште не е позната причината за затворањето на продавниците и самиот бренд. Можеби во одреден момент актерката повторно ќе биде инспирирана да создаде шарени и имагинативни чевли кои ги сакаа жените ширум светот.