Независен Синдикат на Здравствените Работници (НСЗР) ја поздравува работата на министерот за здравство Арбен Таравари оклу активностите за воспоставување ред и решавање на здравствени проблеми.
– Здравствениот сектор и вработените беа донесени до колапс. Поради овие причини ние лани излеговме и протесиравме поради дискриминација на вработените во здравствениот сектор, платите под пресечната, Специјализанти кои работеа за минималец, а исто и вработени во здравство кои имаа плата од 20.000 денари и ни здравствено, ни пензиско осигурување. Овие сите млади луѓе беа ангажирани за време на Ковид ризаата и остаени на милост и немилост од поранешната Влада. Најлошо од се беа економските директори кои беа економско зло во здравството. Всужност тие беа директори кои ги црпеа економскитересурси во здравствениот буџет – а немаше економска оправденост. Еден економски директор чинеше повеќе од 1 милион денари на месечно ниво, вели во изјава за „Пресонлјан“, мр. Боби Бојчевски – национален координатор за здравство при КСОМ (Конфедерација на синдикални организации на Македонија) и претседател на Независен Синдикат на Здравствените Работници.
Ние како синдикат, додава тој, ја поздравуваме работата на министерот Арбен Таравари.
– Со вработување на специјализантите ќе престане, практиката Македонија да биде расадник на млади доктори во западно европските држави, исто се однесува и на младиот медициснки и административен технички персонал кои беа под договор на дело, кои всушност работеа за минималец и уште работат. Со овие постапки ќе се задржат младите да работаат и придонесуваат во својата матична држава. Укинувањето на економските директори ќе овозможи буџет да се реинвестира во здравстевените институции, тоа е позитивен и подржан проект од нас, вели Бојчевски за „Прессонлајн“.
То истакна дека премиерот и министерот за здравство имаа разбирање и колективните договори и чекаме погоден момент за разговори и решение.
– Со потпишувањето на колективните договори со законот за минимална плата, че дојде до покачување и на платите на вработените во здравстевниот сектор, нагласи тој.
Д.Ј