5
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ги закажа вонредните парламентарни избори за 27 октомври, седми во последните три години, а потпиша и указ за именување на нова преодна влада предложена од Димитар Главчев -предложениот за привремен премиер.
Се очекува членовите на новата влада веднаш да положат заклетва пред претседателот на Народното собрание, јавува Радио Бугарија.
Новата преодна влада има еден вицепремиер, министерката за финансии Људмила Петков.