Русија во текот на ноќта изврши неколку ракетни и беспилотни напади насочени кон украинскиот главен град Киев и кон неколку други региони, еден по најголемиот напад на Москва во конфликтот. Две лица се убиени во областа Криви Рих. Еден човек загина во напад со дрон во Запорожје.
Системите за противвоздушна одбрана на регионот Киев беа распоредени неколку пати во текот на ноќта за одбивање проектили и беспилотни летала насочени кон главниот град на Украина, објави воената администрација на Телеграм. Очевидци на Ројтерс објавија најмалку три експлозии во текот на ноќта во Киев.
За време на вчерашниот масовен напад загинаа најмалку седум лица, а десетици беа повредени. „Ова беше најголемиот воздушен напад од почетокот на војната“, изјави вчера командантот на украинските воздухопловни сили. Военото воздухопловство собори 102 од 127 руски ракети и 99 од 109 беспилотни летала, додаде Микола Олешчук.
Меѓу седумте загинати има и двајца мажи од регионот Дњепропетровск, едниот на возраст од 69, а другиот на 47 години. „Тие беа убиени во одвоени напади. Има и повредени, меѓу кои и едно 14-годишно девојче“, изјави локалниот гувернер Сергиј Лисак, пренесува Би-Би-Си.
Нападот на Русија го осуди и американскиот претседател Џо Бајден, кој кажа дека тоа било „срамен напад“.