Мали авион со шест седишта се урна во планинска област во западна Австрија, во близина на границата со Швајцарија.
Екипите за пребарување и спасување се на планината и ја пребаруваат областа.
Во тек е итна потрага на трупот на авионот. Околу 100 припадници на итната помош се на терен.
Поради густа магла во моментов не е можна потрага со хеликоптер. Останува нејасно колку патници имало во авионот кој е во приватна употреба.