Осумгодишно девојче од Германија се удавило додека пливало во Јадранското Море во близина на одморалиштето Бибионе, источно од Венеција.
Девојчето било на одмор со семејството кога очигледно имала проблем додека пливала и се удавила.
Другите капачи, кои биле во близина на осумгодишното девојче, набрзо забележале дека нејзиното тело лебди по водата и дека детето не се движи.
Веднаш го вклучиле алармот, поради што спасувачите дошле на местото на настанот.
Спасувачите го одвлекле телото на девојчето до плажата и почнале со реанимација.
На местото на настанот пристигнал хеликоптер, но по еден час реанимација девојчето било констатирано мртво, пишува Билд, а пренесува Нова.рс.