Австрија ја тресе хируршки скандал во кој беше откриено дека жена неврохирург и дозволила на нејзината 13-годишна ќерка да биде во операциона сала за време на операција на черепот, а сега е откриено дека дури и дала нејзината ќерка да оперира.
Сè се случи во универзитетската болница во Грац уште во јануари. Мажот (33) завршил во болница поради сериозни повреди на главата, а како што напиша Кронен Цајтунг, докторката дозволила нејзината ќерка да оперира.
Обвинителството за се дознало по анонимна дојава во април, а дури во јули го известиле човекот кој и натаму е неспособен за работа, иако операцијата поминала без проблеми.
И хируршкиот тим е под истрага на обвинителството, а болницата го отпушти неврохирургот и уште еден специјалист.
Адвокатот на пациентот, Петер Фрајбергер, вели дека сето ова не требало да се случи.
– Никој не го контактирал. Тој не доби никакво објаснување, ниту извинување. Ништо – рече адвокатот.
Државното обвинителство во моментов води истрага за двајца лекари и уште пет лица кои биле присутни во операционата сала.
– Тогаш мојот клиент ќе бара компензација за болката и страдањето. Операцијата и дупчењето биле неопходни, тоа за нас е неспорно, но да се дозволи такво нешто на 13-годишно дете е неприфатливо – рече тој.