Три лица загинаа во Јапонија откако тајфунот Шаншан падна на копно во префектурата Кагашима. Обилните дождови и многу силните ветрови – со брзина од над 200 километри на час, ја прекинаа струјата во стотици илјади домаќинства, објави Ројтерс.
Властите издадоа наредби за евакуација на милиони жители во неколку префектури.
Големите производители на автомобили привремено ја прекинаа работата, стотици летови се откажани.
Во наредните денови се очекува бурата да се приближи до источните делови на Јапонија и главниот град Токио, соопшти метеоролошката служба.