11
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска приреди ручек во чест на францускиот претседател Емануел Макрон на Петроварадинската тврдина во Нови Сад и рече дека е среќен што има можност да му го покаже на францускиот претседател најдоброто што може да го понуди Србија.
„Среќен сум што успеав да му го покажам на претседателот Макрон најдоброто и најубавото што може да го понуди Србија, а тоа е секако овој поглед од Петроварадинската тврдина и војводинските специјалитети. Франција е позната како земја на туризам, добра храна и вино , а убеден сум дека нашата Војводина со бескрајните полиња, бермет и кулен, но и културна различност, може да застане до една Прованса и да не се срами.
Уште еднаш, добре дојдовте во нашата прекрасна Србија, претседателе Макрон. Чувствувајте се како дома“, напиша Вучиќ на својата страница на Инстаграм.