Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Патници кои платиле и до 890.000 долари за 3-годишно крстарење околу светот „заглавени“ се веќе 3 месеци

Press OnlinePress Onlineавгуст 30, 2024 МАГАЗИН
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

24

Патниците кои платиле за 3-годишно крстарење околу светот се „заглавени“ во Белфаст веќе 3 месеци, а овој град практично станал нивен дом.

Крузерот пристигнал на островот Квинс во Белфаст, Северна Ирска за да се опреми пред да тргне на првата етапа од 3-годишното крстарење. Иако требало да исплови на 30-ти мај, крузерот сè уште е на истото место поради проблеми со кормилото и менувачот.

Меѓу патниците е и Холи Хенеси од Флорида, на која Белфаст практично ѝ станал дом. Друштво во кабината ѝ прави мачката Кептан. Таа, како и останатите патници, може да го помине денот на крузерот, но навечер мора да го напушти.

„Во текот на денот можеме да престојуваме на крузерот, обезбедени се шатлови. Можеме да јадеме, да гледаме филмови и да се забавуваме, да правиме сè што е предвидено за време на крстарењето“, вели таа.

Иако ужива во глетката, честото дождливо време за неа е голем шок.

„Никогаш во животот не сум морала толку често да користам чадор, носам кабаница каде и да одам“, додала Хенеси.

Патниците добиле можност да откупат кабина наместо да плаќаат дневна цена за нивната соба како во традиционален хотел. Ова им овозможува да останат на крузерот и по првата тура.

„Сакам да останам што е можно подолго. Отсекогаш сум сакалa да живеам на брод, тоа ми е остварување на сонот“, порачала Американката.

Цената на кабините се движат од 99.999 до 899.000 долари. Нејзината кабина има голем кревет, мал простор за седење и балкон.

Организаторите на крстарењето тврдат дека прават сè за да ја „намалат тензијата“ на патниците и планираат различни патувања и други крстарења или да ги сместат во хотели. Анџела и Стивен Териак го искористиле тоа и веќе отпатувале во Шпанија, Англија и на Гренланд.

Сепак, крузерот би требало да исплови до крајот на следната недела.

Поврзани содржини

Еве кои земји одат во финале!

Ќе слушнеме песни на 18 натпреварувачи

Вечерва во Базел прва полуфинална вечер на песна за Евровизија

Дневен хороскоп за вторник, 13-ти мај 2025 година

Мнозинство Швајцарци ја поддржуваат забраната на социјалните медиуми за деца под 16 години

Мексико го тужи „Гугл“ поради промена на име на залив

Најнови вести

Мицкоски нема да го испие „завршното“ кафе со Таравари

мај 14, 2025

Надал ги победи Алонсо и Јамал и стана најомилениот спортист во Шпанија

мај 14, 2025

Македонија прва во регионот со потпишан договор за предфинансирање во рамки на Планот за раст

мај 14, 2025

Подготовката за финалето на Лигата на Европа не може да биде изговор за поразот од Вест Хем, изјави капитенот на Манчестер Јунајтед

мај 14, 2025

Местенки при избор на специјализанти? – СДСМ со обвинувања до штипскиот градоначалник дека се вработуваат сопруги, ќерки и браќа на истакнати ВМРО-вци во Клиничката болница

мај 14, 2025
СПОРТ

Надал ги победи Алонсо и Јамал и стана најомилениот спортист во Шпанија

мај 14, 2025

Подготовката за финалето на Лигата на Европа не може да биде изговор за поразот од Вест Хем, изјави капитенот на Манчестер Јунајтед

мај 14, 2025

Сопственикот на Нотингем Форест објасни зошто го нападнал тренерот

мај 14, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.