Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени откако денеска се урна покрив на црква во крајбрежниот бразилски град Ресифе, соопштија градското собрание и државните власти.
Вицегувернерката на државата Пернамбуко Присила Краузе изјави дека околу 20 лица добиле медицинска помош по падот, додавајќи дека властите не веруваат дека има дополнителни смртни случаи.
Сепак, спасувачките тимови ќе ги пребаруваат урнатините, рече таа, пренесе Ројтерс.
Во моментот на уривањето во црквата била организирана дистрибуција на храна.