Врховниот суд во Бразил, и судијата Александре де Мораес, нареди да биде забрената социјалната мрежа „Икс“ (поранешно Твитер), откако сопственикот Илон Маск не успеа да именува правен застапник во земјата.
Судијата и Маск долго време се препукуваа во јавноста, откако „Икс“ не ги исполни законските наредби за блокирање на одредени налози обвинети за ширење лажни вести и омраза.
Во одлуката судијата нареди и парична казна од околу 2,5 милиони фунти.
Секој што користи вирртуелни приватни мрежи за да ја избегне блокадата, може да се соочи со казна од 7000 фунти, соопшти Судот.
Според статистиката околу 40 милиони Бразилци ја користат платформата најмалку еднаш месечно. „Икс“ соопшти дека добиле закани од судијата.
„Кога се обидовме да се браниме пред Судот, судијата Де Мораес му се закани на нашиот правен застапник дека ќе оди во затвор“, додаваат од компанијата велејќи дека ниту колегите не можеле да му се спротивстават на судијата кој донел ваква одлука.