Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Бразилецот Матеус Еванжелиста и французинката Каролин Жуис победници на 37. Охридски пливачки маратон

Press OnlinePress Onlineавгуст 31, 2024 СПОРТ
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Матеус Еванжелиста од Бразил и Каролин Жуис од Франција се победници на 37. Охридски пливачки маратон што денеска се одржа во Охрид.

На бразилецот Еванжелиста за да ја преплива 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид му беа потребни 5:45:05 часа, додека кај жените победничката Жуис патеката ја мина за 5:46:51 часа.

Инаку, денешниот победник, кој во 2015 година ја заврши трката во Охрид како вторпласиран и третопласиран година подоцна, рече дека воопшто не било лесно да се плива денеска на Охридското Езеро и дека временските услови во поголемиот дел од трката биле неповолни со силен ветар во спротивна насока и бранови.

– Навистина беше тешко, но ете, напорот се исплати. Сега се чувствувам добро, одлично, сега веќе победнички, рече тој во изјава за МИА.

Втор во машка конкуренција патеката ја мина Марсел Шутен од Холандија, додека третопласиран и најдобар кај нашите пливачи денеска беше Евгениј Поп Ацев.

Втора кај жените беше Мајте Пука од Аргентина, додека третопласирана на целта беше Инес Делакроа од Франција, на која ова и е прв настап на маратонот на Охридското Езеро.

Наградниот фонд на маратонот изнесува 12 илјади евра, од кои две илјади за најдобрите во двете конкуренции на две контролни бови, односно спринтови.

Маратонот и оваа година е завршен настан на Фестивалот на вода, а се одржува во организација на Општина Охрид, со поддршка на Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор е ПК „Охридски бранови 2008“ од Охрид.

Поврзани содржини

Алонсо сѐ уште не го презеде Реал, а веќе отпиша четири ѕвезди

Надал ги победи Алонсо и Јамал и стана најомилениот спортист во Шпанија

Подготовката за финалето на Лигата на Европа не може да биде изговор за поразот од Вест Хем, изјави капитенот на Манчестер Јунајтед

Сопственикот на Нотингем Форест објасни зошто го нападнал тренерот

🎥Навивачите на Ливерпул брутално го исмеаја Артета: „Секогаш деверуша, никогаш невеста“

Шеј Гилџуис Александер со голема предност за МВП титулата, Никола Јокиќ не успеа да стане четвртиот Џордан

Најнови вести

Алонсо сѐ уште не го презеде Реал, а веќе отпиша четири ѕвезди

мај 14, 2025

Адеми за заминувањето на Таравари од Владата: Малкумина беа, а уште помалку останаа

мај 14, 2025

Мицкоски нема да го испие „завршното“ кафе со Таравари

мај 14, 2025

Надал ги победи Алонсо и Јамал и стана најомилениот спортист во Шпанија

мај 14, 2025

Македонија прва во регионот со потпишан договор за предфинансирање во рамки на Планот за раст

мај 14, 2025
СПОРТ

Алонсо сѐ уште не го презеде Реал, а веќе отпиша четири ѕвезди

мај 14, 2025

Надал ги победи Алонсо и Јамал и стана најомилениот спортист во Шпанија

мај 14, 2025

Подготовката за финалето на Лигата на Европа не може да биде изговор за поразот од Вест Хем, изјави капитенот на Манчестер Јунајтед

мај 14, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.