Естонија изјави дека нема да учествува на состаноците на Европската унија на кои домаќин е ротирачкиот претседател на Советот на Европската унија Унгарија, јави ДПА.
Тоа значи дека Естонија нема да испраќа министри на состаноците на кои Унгарија е домаќин за време на нејзиното ротирачко претседателство.
„Унгарија ја злоупотреби својата улога како претседател на ЕУ со дејствија кои сериозно ја поткопаа довербата“ во неа, изјави вчера портпаролот на естонската влада на локалното радио.
Унгарија моментално претседава со Советот на Европската Унија. Тоа значи дека за време на своето шестмесечно претседавање, Будимпешта е домаќин на серија неформални состаноци.