Емина Чејван (44) и нејзината мајка Рамиза (66), по потекло од Босна и Херцеговина, кои живеат во американската држава Јута, во градот Сенди, се удавија во клисурата на езерото Флеминг.
Според американските медиуми, несреќата се случила минатиот викенд, кога Емина и Рамиза биле на семеен излет. Се возеле на педалинка по езерото, а потоа Рамиза паднала во водата.
-Не знаела да плива – изјавиле замениците на шерифот за локалните медиуми.
Кога видела дека мајката завршила во езерото, нејзината ќерка Емина се нурнала во обид да ја спаси од давење, но таа не испливала од езерото. По нејзиното тело се трагаше три дена, а беше пронајдено во вторникот, во областа Свим Бич, во областа Дажет.
Нуркачите бараа со денови
Поради лошите временски услови, екипи нуркачи мораа да ја прекинат потрагата во неделата, но во понеделникот продолжија да пребаруваат со чамци и нуркачи. Околу 10:20 часот во вторник, 27 август, телото на Емина е пронајдено.
Телото на нејзината мајка Рамиза било пронајдено истиот ден кога несреќната жена паднала од педалинката.
Мајка и ќерка беа погребани во петокот на локалните гробишта во Сенди.