9
По упадот на косовската полиција во српските институции на северот на Косово е мирно и без инциденти. Во сите четири општини забележително е зголемено присуството на припадници на итната помош и полиција во цивилна облека.
На главниот мост на Ибар зголемено е и присуството на припадниците на КФОР. На северната и јужната страна е распореден кордон војници, а на самиот мост има пет џипови и четири оклопни возила за разбивање на демонстрациите. Војниците тврдат дека тоа е вежба.
Еуроњуз на српски јазик пренесува дека ситуацијата во северниот дел на Митровица е мирна, но се чувствуваат тензии меѓу граѓаните.
Косовската полиција во петокот изврши претрес во зградите на привремените власти во Лепосавиќ, Косовска Митровица, Звечан и Зубин Поток, како и во болничкиот дел на КБЦ Косовска Митровица, зградата во која се наоѓаат просториите на Фондот за ПИО, просториите на Канцеларијата за КиМ, на административната област Косово-Митровица и Центарот за социјална работа.
Потоа, вратите на објектите беа запечатени, српските знамиња беа симнати, а сите документи и компјутери беа извадени, додека косовските полициски сили се уште беа присутни.
Министерот за внатрешни работи на привремените институции на Приштина, Џељаљ Свечља, по упадот на полицијата во зградите на паралелните на северот на Косово, изјави дека тие повеќе нема да работат. Постапката на Приштина ја осудија мисијата на ЕУ во Приштина, како и американската амбасада и амбасадорите на Германија, Велика Британија и Франција.