Пронајдени се остатоците од рускиот хеликоптер „Ми-8Т“ што пред два дена исчезна на Камчатка, а според првичните информации во несреќата на леталото загинале сите патници и членови на екипажот, пренесоа руските медиуми.
Припадниците на руската спасувачка служба пронашле тела на 17 жртви на местото на падот на хеликоптерот „Ми-8Т“ на Камчатка, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.
„Досега веќе се пронајдени 17 тела, но потрагата продолжува“, се наведува во соопштението на руското министерство, пренесуваат руските медиуми.
Хеликоптерот „Ми-8Т“ во петокот полетал од локацијата во реонот на вулканот Вачкажец до локацијата Николаевка, но во договореното време, околу 07:15 часот по московско време, била изгубена комуникациската врска со екипажот на хеликоптерот , во кој имало 22 лица: тројца членови на екипажот и 19 туристи.
Според првичните информации, сите што биле во хеликоптерот се загинати, за руските медиуми соопштија од службата за итна помош.
ФОТО: Архива