10
Премиерот Милош Вучевиќ на конференцијата истакна дека цените се пониски од промотивните во трговските синџири, а ќе се применуваат во 2.500 малопродажни објекти, објавија српските медиуми.
Исто така, беше истакнато дека преку оваа кампања домаќинствата ќе успеат да заштедат од 8.000 до 22.000 динари месечно.
Инаку, акцијата ќе трае до 31 октомври, а опфатени се речиси сите категории на храна кои ќе се продаваат по ниски цени.
Премиерот рече дека се подготвуваат и многу други работи за да им се помогне на граѓаните и посочи дека Владата пред сѐ мора да се грижи за граѓаните и дека е проблем доколку трговците имаат екстра профит од нив. Тој рече дека мора внимателно да се подготви за да не се наруши принципот на пазарната економија и да не се оспорува ничие право на бизнис:
– Повторувам, немам проблем некој да профитира, туку имам проблем само ако некој создаде екстра профит. Како влада мораме да се грижиме и за граѓаните и за економијата, кои и двете ја сочинуваат средината на една земја. Пред сѐ, треба да се грижиме за граѓаните, за луѓето со помали примања, за пензионерите, за да ја почувствуваат грижата на државата.
Тој посочи дека мора да се води сметка за инфлацијата.