Германската крајна десница АфД победи на регионалните избори за првпат во неделата во покраината Тирингија (источна), додека во соседна Саксонија партијата се бори со Христијанско-демократската унија (ЦДУ) за првото место, според излезните анкети.
АфД освои меѓу 30,5 и 33,5 отсто од гласовите во Тирингија, а меѓу 30 и 31,5 отсто во Саксонија.
Социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц забележаа нов изборен пад со рејтинг меѓу 6,5 и 8,5 отсто во овие два региона.