Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска на форумот во Блед, изјави дека е крајно време членките на ЕУ да ја изразат својата јасна поддршка за европската интеграција на Западен Балкан, вклучително и Србија.
По средбата со српската министерка за евроинтеграции Тања Мишчевиќ, Сијарто изјави дека ЕУ не може да биде цела, посилна или поотпорна на кризи доколку не ги интегрира земјите од Западен Балкан, додавајќи дека Србија очигледно е клучна земја во регионот, пренесе агенцијата МТИ.
„Верувам дека е крајно време и нашите пријатели од Западна и Северна Европа да препознаат дека ќе биде многу потешко, а веројатно и невозможно, да се гарантира стабилноста на Западен Балкан без Србија, предупреди Сијарто.
ФОТО: Архива