16
Биотехнолошката компанија „Неуралинк“ на милијардерот Илон Маск објави голем успех во напорите да создаде уред со кое мозок ќе може дигитално да биде приклучен на компјутерски систем.
Уредот вграден во телото треба да им овозможи на парализирани лица со своите мисли да користат дигитални апарати. Компанијата објави дека кај вториот пациент, идентификуван како „Алекс“, телото не го отфрлило вградениот уред. Уредот во јануари беше вграден кај првиот пациент, Ноланд Арбо, но неговото тело имаше реакција. По операцијата биле отфрлени ултратенките жички со кој уредот бил поврзан со мозочните клетки, поради што електродите не можеле да ги примаат добро мозочните сигнали. Последиците не биле неочекувани, зашто вакви ситуации често пати имало и при експерименти со животни.
По корекциите, првиот пациент можел само со своите мисли да мрда курсор на компјутер, да испрати порака на социјалните мрежи, да пребарува содржини на интернет, па и да игра видео-игри.
Компанијата објави дека кај вториот пациент биле направени корекции, како ограничување на зјајот помеѓу имплантот и површината на мозочните клетки. Алекс веќе научил да го користи уредот за да игра видео-игри и почнал да користи програма за дизајнирање тридимензионални објекти.