Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Руски кит „шпион“ пронајден мртов крај норвешкиот брег

Press OnlinePress Onlineсептември 2, 2024 СВЕТ
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кит белуга со прекар Хвалдимир, кој беше осомничен дека е руски шпион, е пронајден мртов во југозападна Норвешка.

Телото на кит беше пронајдено како лебди во заливот Рисавика во јужна Норвешка во саботата од татко и син кои ловеле риба, објави норвешката јавна телевизија НРК.

„Хвалдимир не беше само белуга кит. Тој беше светилник на надеж, симбол на поврзување и потсетник на длабоката врска меѓу луѓето и природниот свет“, објави на социјалните мрежи непрофитната организација Marine Mind, која ги следеше неговите движења.

Хвалдимир, комбинација од норвешкиот збор за кит, „хвал“ и името на рускиот претседател Владимир Путин, првпат беше забележан на северниот брег на Норвешка во 2019 година.

По неговата направена „јака“, со нешто што личеше на држач за камера со натпис „Опрема Св. Петербург“, почнаа шпекулациите дека се работи за „шпионски кит“.

Норвешките власти рекоа дека Хвалдимир можеби избегал од заградениот простор и бил обучуван од руската морнарица, бидејќи се чини дека е навикнат на луѓе.

Москва никогаш не одговори на овие шпекулации.

Кит „шпион“ или кит „терапевт“?

Откако Хвалдимир бил пронајден мртов, неговото тело било извлечено од водата со кран и однесено во блиското пристаниште на дополнително испитување.

„Успеавме да ги извадиме неговите останки и да го ставиме во фрижидер, како подготовка за обдукција што ќе ја изврши ветеринарниот институт што може да помогне да се утврди што навистина се случило со него“, изјави за НРК морскиот биолог Себастијан Странд, додавајќи дека има нема видливи знаци на повреда на животното.

Странд, кој ги следеше авантурите на Хвалдимир во изминатите три години во име на Marine Mind, рече дека бил длабоко погоден од ненадејната смрт на китот.

„Тоа е апсолутно ужасно. Очигледно беше во добра состојба до петокот. Значи, мораме да откриеме што би можело да се случи овде“, рече Странд.

Хвалдимир бил висок 4,2 метри, тежок 1.225 килограми и се верувало дека имал меѓу 14 и 15 години.

Во текот на изминатите пет години, тој беше виден во неколку норвешки крајбрежни градови и беше јасно дека е питом и сака да си игра со луѓе, тврди НРК.

Норвешките медиуми шпекулираа дека Хвалдимир наместо „кит шпион“, всушност бил некој вид „кит за терапија“.

Поврзани содржини

Санкционирана мрежа за шверц на нафта која обезбедува милијарди за иранската војска

Рубио доаѓа во Истанбул

Почина поранешниот уругвајски претседател Хозе Мухика

Трамп ги укина сите санкции за Сирија

Русија ја подготвува делегацијата за преговори со Украина во Турција, Трамп и натаму без официјална одлука за учество

Трамп пречекан како крал во Саудиска Арабија

Најнови вести

Алонсо сѐ уште не го презеде Реал, а веќе отпиша четири ѕвезди

мај 14, 2025

Адеми за заминувањето на Таравари од Владата: Малкумина беа, а уште помалку останаа

мај 14, 2025

Мицкоски нема да го испие „завршното“ кафе со Таравари

мај 14, 2025

Надал ги победи Алонсо и Јамал и стана најомилениот спортист во Шпанија

мај 14, 2025

Македонија прва во регионот со потпишан договор за предфинансирање во рамки на Планот за раст

мај 14, 2025
СПОРТ

Алонсо сѐ уште не го презеде Реал, а веќе отпиша четири ѕвезди

мај 14, 2025

Надал ги победи Алонсо и Јамал и стана најомилениот спортист во Шпанија

мај 14, 2025

Подготовката за финалето на Лигата на Европа не може да биде изговор за поразот од Вест Хем, изјави капитенот на Манчестер Јунајтед

мај 14, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.