Соединетите американски држави го заплени авионот на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, откако утврдија дека санкциите од САД биле прекршени при купување на авионот. Авионот бил запленет во Доминиканската Република.
Претставници на американските власти денеска со авионот полетале за Флорида.
Американските власти изјавија дека авионот е венецуелски еквивалент на Air Force One и дека Мадуро го користел за државни посети.
„Ова исраќа јасна порака дека никој не е над заканот, и дека никој не е над дофатот на американските санкции“, изјави функционер, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Авионот Dassault Falcon 900, вреден околу 13 милиони долари, се наоѓа во Доминиканската Република последните неколку месеци. Американските власти тесно соработуваа со Доминиканската Република, која ја извести Венецуела за заплената.