21
Сопственикот на Телеграм Павел Дуров е „фатен“ на улиците на Париз како се шета со Јулија Вивалова, девојката која беше во неговиот авион по слетувањето на аеродромот во близина на Париз, каде што беше уапсен на 24 август.
Судот во Париз пред пет дена му го укина притворот на Дуров за првичното сослушување и можните обвиненија. Тој е ставен под судски надзор, му е забрането да ја напушта Франција и треба да плати кауција од пет милиони евра.
Сепак, се чини дека оваа мерка не го вознемирила сопственикот на најпопуларната апликација, кој француските папараци постојано му се зад „петиците“, па го фотографирале одлично расположен додека се шета. Фотографиите ги објави каналот „Mash“ на Телеграм.
Русинот бил „фатен“ во лежерна облека, а иако се обидел да се сокрие зад темни очила и капа, не успеал. Можеби и ќе заминеше инкогнито ако папараците не ја препознаеа убавата девојка во негово друштво. Јулија Вивалова, гејмер и крипто-инвеститор, која беше приведена со Дуров откако неговиот приватен авион слета на аеродром во близина на Париз, не се ни обиде да го скрие својот идентитет.