За време на главниот говор вчера, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го искажа напредокот постигнат во политиката за проширување на ЕУ за време на нејзиниот сегашен мандат како претседателка на Комисијата.
Претседателката говореше на Бледскиот стратешки форум во Словенија, кој годинава е под мотото „Свет на паралелни реалности“.
Претседателката Фон дер Лајен зборуваше за тоа како понатамошната интеграција и дава на ЕУ повеќе моќ и посилен глас во денешниот фрагментиран свет.
Претседателката рече дека „поголемиот единствен пазар ја зголемува нашата конкурентност и нашата моќ како трговски партнер. Ни дава алатки за да одговориме на уцените и нелојалната конкуренција. И ни дава поголема заедничка куповна моќ. Проширувањето е инвестиција во нашата колективна сила и безбедност“.
Во актуелниот мандат на Комисијата, како што рече таа, имаше значителни чекори во процесот на интеграција во ЕУ:
„Започнаа пристапните преговори со Албанија, Северна Македонија, Молдавија и Украина“, изјави Фон дер Лајен, изразувајќи уверување дека БИХ може да биде следна.
Имено, Планот за раст за Западен Балкан, претставен од Комисијата минатата година, веќе дава конкретни резултати на терен. Подоцна овој месец, шесте партнери од Западен Балкан ќе ја усвојат својата реформска агенда, која содржи конкретни, клучни реформи, поврзани со европски инвестиции од 6 милијарди евра. Како што истакна претседателката Фон дер Лајен, секоја реформа ќе отвори нови инвестиции.