Основец во Домазлице во Чешка, во близина на границата со Германија, во вторникот повредил двајца ученици со нож, соопшти чешката полиција.
„Девојчето со нож ја нападна соученичката. Две деца се повредени, а нивните родители се известени“, соопшти полицијата на платформата Х, додавајќи дека напаѓачот бил запрен „за неколку минути“.
1/n V současné chvíli jsou naše síly a prostředky na ZŠ Komenského 17 v Domažlicích, jelikož zde jedna z žákyň dle prvotních informací zaútočila nožem na spolužáky. Zraněné byly dvě děti, jejichž rodiče jsou již vyrozuměni. Podezřelou dívku jsme zadrželi během několika minut.
— Policie ČR (@PolicieCZ) September 3, 2024
Животите на двете повредени деца „не се во животна опасност“ и им е укажана лекарска помош, како и третото дете кое е во шок“, додаваат од полицијата.