Вицепремиерката за евроинтеграции на Украина, Олга Стефанишина денес поднесе оставка од таа функција, соопшти претседателот на парламентот, Руслан Стефанчук.
Нејзината оставка ќе биде разгледана на една од следните седници, додаде тој.
Оставки денес поднесоа и министерот за стратешка индустрија на Украина Олександар Камишин, министерот за правда Денис Маљусик, министерот за заштита на животната средина и природни ресурси Руслан Штрилц и шефот на Фондот за државна сопственост Виталиј Коваљ.
Шефот на парламентарната фракција „Слуга на народот“, Давид Араками најави дека утре ќе биде денот на „оставки“. Според него, повеќе од 50 отсто од кабинетот „ќе доживеат промени“.