Четири лица се застрелани во воз во предградие на Чикаго, соопштија локалните власти.
Заменик-началникот на полицијата Кристофер Чин изјави дека сите четири лица најверојатно спиеле кога биле убиени.
Убиството се случило за време на празникот на Денот на трудот во САД во возот на Blue Line на управата за транзит во Чикаго во Форест Парк, околу 10 милји западно од центарот на Чикаго, објави во понеделникот USA Today.
Полицијата добила итен повик нешто пред 5:30 часот по локално време.
По пристигнувањето, полицајците пронашле четири жртви. На местото на настанот била констатирана смрт за три лица, а четвртото лице било пренесено во блиската болница, но починало.
Жртвите биле во различни вагони – три во еден, а четвртиот во друг.
Убиецот побегнал од местото на настанот, но подоцна бил идентификуван преку видео надзор.
Осомничениот, чиј идентитет не е соопштен, моментално е во притвор.