2
Гитаристот на Квин, Сер Брајан Меј (77) откри дека неодамна доживеал мал мозочен удар. Иако не можел да ја користи левата рака по мозочниот удар, музичарот вели дека сега се чувствува добро.
„Добрата вест е што можам да свирам гитара“, рече тој во видеото објавено на неговата веб-страница. Веста за мозочниот удар ја објави за да ги расчисти сомнежите за неговото здравје.
„Одеднаш – од ведро небо – немав никаква контрола врз раката. Така што беше малку страшно, морам да кажам“, рече музичарот. Тогаш не знаеше дека има мозочен удар.
„Добрата вест е што сега сум добро и го правам она што ми го кажуваат лекарите, што навистина не е ништо. Не можам да излезам надвор, не можам да возам, не можам да одам во авион, а пулсот не може да ми биде висок“, додаде тој.
Ѕвездата додаде дека ништо јавно не кажал во моментот на малиот мозочен удар бидејќи не сакал да ги загрижува обожавателите кои ќе му пишуваат пораки за поддршка. „Ве молам, не го правете тоа бидејќи ќе ми го натрупате сандачето и го мразам тоа“, заклучил тој.
Минатата година, кралот Чарлс му додели на Брајан кралски орден за заслуги во музиката и хуманитарната работа.
Музичарот, по обука астрофизичар, кој исто така се занимава со борба за благосостојба на животните, на крајот на 2022 година за агенцијата АП потврдил дека ја добил титулата витез (т.н. Knight bachelor), со која тој се обврзува да направи се што налага таа титула и очекува: „Да се бориме за правда, за луѓе кои немаат глас“.