33
По долго и тешко боледување денеска на 71-годишна возраст во Љубљана почина Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на групата „Рибља Чорба“.
Менаџерот на групата „Рибља Чорба“, Бане Обрадовиќ учествуваше во емисија во живо на кабловска телевизија и откри дека Бора Ѓорѓевиќ до последен момент се борел лавовски.
„Беше болен, но се надевавме на чудо. Се бореl како лав, така ни кажаа лекарите. Се што му дадоа во однос на терапијата, изгледа му требаше. Сите не изненади, иако ја знаевме дијагнозата. Жал ни е, тој сè уште е сериозна легенда која отиде во рајот, а ангелите горе нека го чуваат“, изјави Бане со треперлив глас и ја објасни причината за смртта на Бора:
„Клучни беа белите дробови. Во еден момент повеќе не можеше да дише, а не можеше да ги искашла наталожените секрети. Потоа морале да го интубираат и да го стават на респиратор. Десет дена беше на респиратор, лекарите му даваа лекови и инфузии. Рекоа дека е стабилен, иако цело време спиел. Вечерва ситуацијата нагло се влоши и немало спас. Почина околу 4 часот наутро“, рече Бане.
„Обдукција нема да се прави. Семејството одлучи дека тоа не е потребно. Документите во конзулатот се забрзуваат за телото да биде пренесено во Чачак, каде што ќе биде погребан, што беше негова желба и тоа јавно го кажа. Кога точно ќе биде тоа, се уште не се знае, бидејќи постапката се уште е во тек и зависи од завршување на сите формалности“, додаде Бане во емисијата „Уранак“ на телевизијата К1.