Во Обединетото Кралство е забележано најстуденото лето во последните девет години, покажуваат најновите статистички податоци на метеоролошката служба.
Метеоролозите истакнуваат дека тоа дефинитивно беше сезона на контрасти, при што северозападниот дел на ОК беше студен и влажен, додека на југ и на исток имаше потипично лето.
Најтоплиот ден на летото беше 12 август, кога температурите во Кембриџ достигнаа 34,8 степени Целзиусови. Иако имаше некои топлотни бранови забележани на југ, сите топлотни периоди беа релативно краткотрајни.
Последен пат во Обединетото Кралство имаше поладно лето од националниот просек беше во 2015 година.
Во овогодинешното лето дефинитивно има недостиг на сонце. Логично е да се запрашаме каква есен ги очекува Британците. Во септември минатата година имаше рекорд кога седум последователни денови температурите достигнаа 30 степени, но метеоролозите не очекуваат тоа да се повтори.