Во едно основно училиште во близина на францускиот град Рено е снимен необичен настан кога жена во поодмината бременост се породила во училницата откако ја донела својата ќерка на училиште.
Во понеделникот, на првиот ден од новата учебна година, бебето се родило за само неколку минути, многу пред да пристигне брзата помош, која потоа ги пренела мајката и новороденчето во породилиште, јавува телевизијата БФМ, нарекувајќи го бебето „најмладиот ученик во Франција“.
За време на породувањето, на мајката и помогнале вработените од соседните јасли, каде што носеле крпи.
Пораѓањето било закажано за 9 септември, но почнало со пукање на водата штом бремената мајка пристигнала со ќерката на училиште, по што се се случило со неверојатна брзина.
По пристигнувањето на брзата помош и излегувањето од училиштето, мајката им го покажала бебето на родителите на учениците, кои останале во училишниот двор да го следат овој среќен настан.