Бројот на загинатите во рускиот ракетен напад врз украинскиот град Лавов се искачи на пет, а 38 лица се повредени, соопшти градоначалникот Андриј Садовиј.
Регионалниот гувернер Максим Козицки претходно изјави дека во нападот загинале три лица, меѓу кои и едно 14-годишно девојче, а ранети се 25 лица.
Во нападот на Лавов се запалени станбени згради, а оштетени се две училишта, пренесува Укринформ.
Lviv. Kryvyi Rih. Another brutal attack by the russian invaders.
russian terrorists hit civilian infrastructure and houses. As of now, 7 people died and more than 30 were injured.
Terror must be stopped. Modern air defense systems and deep-strike capabilities for Ukraine are… pic.twitter.com/9UPbkqXOIY
— Defense of Ukraine (@DefenceU) September 4, 2024
Во нападот на Криви Рог повредени се пет лица
Во рускиот ракетен напад врз цивилен објект во Криво Рог повредени се пет лица, меѓу кои и едно 10-годишно девојче, изјави Олександар Вилкул, претседател на Советот за одбрана на овој град.
Како што изјави на „Фејсбук“ шефот на регионалната воена управа на Днепропетровск Сергеј Лисак, повредени се жени на возраст од 62, 83 и 84 години, 70-годишен маж и 10-годишно девојче.
Детето е во болница, а во нападот бил оштетен хотелот, пренесува Укринформ.
Дронови на Киев и Лавов
Руските сили лансираа ракети и беспилотни летала во Киев и Лавов, на западот на Украина, недалеку од границата со Полска, соопштија денес украинските власти, додека полските воени авиони се во подготвеност.
Очевидци за Ројтерс изјавија дека слушнале неколку експлозии на периферијата на Киев и Лавов и тврдат дека системот за противвоздушна одбрана бил активиран.
Украинските воени претставници соопштија дека одбранбените единици биле ангажирани во одбивањето на нападот, а Козицки додаде дека во Лавов биле оштетени станбени згради.
Истовремено, Полска денес подигна воени авиони по трет пат во осум дена за да ја обезбеди безбедноста на својот воздушен простор, наведува британската агенција.