Со екстремни горештини се соочува западниот дел на САД, при што во Феникс 100 последователни денови живата во температурата не се спушта под 38 степени Целзиусови.
Особено тешка е ситуацијата во пустинските градови, каде што температурата може да достигне 49 степени Целзиусови.
Националната метеоролошка служба на САД предупреди дека бездомниците, старите лица, децата и лицата со здравствени проблеми се најпогодени. Се очекува температурите да опаднат до крајот на неделата, но сè уште не се предвидува крај на горештините во Феникс.