Напаѓачот кој отвори оган во средно училиште во Џорџија најверојатно имал 14 години, но не се знае дали бил ученик во тоа училиште, објави вечерва Си-Ен-Ен, повикувајќи се на полициски извори.
Во пукотницата што се случи рано денеска во средното училиште „Виндер“ во Џорџија, главниот град на американската сојузна држава Атланта, загинале четири лица, а девет лица се повредени, соопшти Бирото за истраги во Џорџија.
Едно лице е уапсено, а од Бирото демантираат дека „осомничениот е неутрализиран“.